Се повеќе читатели како и корисници на социјалните мрежи се жалат на слабата осветленост на главните улици во Централното градско подрачје.

И улицата „Маршал Тито“ и улицата „Кеј на Револуцијата“ изминатите ноќи се во полумрак, односно повеќе се во темнина отколку што се осветлени.

Повеќе во вистина отколку во шега на социјалните мрежи излезе доста интересен коментар: „Не менувајте само имиња на улици, туку сменете го и осветлувањето бидејќи сме 21-ви век“.

Се чека одговор од надлежните.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари