Од  Младинската организација „Авангарда“ при СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани

Ве известуваме дека на 01.12.2018 (сабота), во периодот од 13 до 16 часот, во Спортската сала при ОУ „Кирил и Методиј“ Кочани организираме спортско-рекреативен настан од хуманитарен карактер.

Настанот се состои од неколку спортски дисциплини како: мал фудбал во специјални услови, скокање во вреќа и влечење јаже.

Учесници се ученици од двете средни училишта во Кочани.

Со тоа сакаме да дадеме сопствен придонес кон собирањето средства за продолжување на медицинско-терапевтскиот третман на Андреј Стојанов во Русија.

Доколку сметате дека настанот би бил медиумски атрактивен, Ве покануваме да учествувате во негово промовирање и медиумско покривање.

Со почит,

МО Авангарда при СОУ „Гошо Викентиев“

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари