Младите од Кочани и Виница како активни чинители во евроинтеграциите на Македонија Работилница за врсничка едукација 29.11.2018, Кочани

Во рамките на проектот Rural youth assisting Macedonia in EU integration, спроведуван од страна на CNVP – организација за поврзување на природни вредности и луѓе со седиште во Хаг – Холандија, на 29.11.2018 од 12:00 – 14:00 часот во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани во кабинетот за музичка уметност ќе се спроведе

Работилницата за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија.

Проектот има за цел да ги зајакне способностите на младите од источниот и југоисточниот плански регион и нивните организации за нивен активен придонес кон совладување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на евроинтеграција.

Основна цел и задачи на работилницата се унапредување на знаењата на младите од Кочани и неговата околина за:

  • Европската унија и европските политики;
  • Критериумите за влез во ЕУ на земјите со статус кандидат за ЕУ како и за
  • Улогата на младите од Кочани и Виница во помагање на процесот на евроинтеграција на Македонија

Работилницата се очекува да придонесе кон подобра информираност на младите од Кочани и Виница за Европската унија, нивно мотивирање и зајакнување на свеста за потребата и моќта на активното придонесување на младите кон успешна евроинтеграција на Р. Македонија.

Настанот е отворен за учесници од општина Кочани, кои се на возраст од 16 до 29 години.

Учесниниците можат да се пријават на мејл на адресата на еден од едукаторите Стојан Рашков со назнака пријава за работилница stojan.raskov@gmail.com

После настанот ќе има мал коктел на кој учесниците ќе имаат прилика да се запознаат подобро и да се вмрежуваат.

За подетални информации ве молиме обратете се кај тимот на едукатори: Стојан Рашков и Александар Иванов

stojan.raskov@gmail.com;

aleksandar.13353@hotmail.com.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари