По трите последователни порази, кошаркарите на „Баскет Дино“ во рамките на 7-то коло во Втората Кошаркарска Лига – Исток забележаа победа.

Кочанчани во Крива Паланка го совладаа истоимениот кошаркарски клуб со 83:76 (11:13; 24:25; 21:12; 20:33).

Самиот резултат по четвртини покажува дека натпреварот преовладуваше со пресврти по кои на крајот се радуваа кочанските кошаркари.

По седум одиграни кола „Баскет Дино“ е со половичен успех, три победи, исто толку порази и во едно коло беше слободен.

Шанса да биде во позитива кога се победите во прашање ќе има веќе во Сабота кога во Кочани гостува екипата на „Борец“ од Велес.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари