Шесте каратисти од кочанските карате клубови (5 од Партизан и 1 од Кочани) кои обезбедија медали на Изборното првенство за кадети, јуниори и У-21 кое пред десетина дена се одржа во Скопје, вечерва заминуваат за Дубровник (Хрватска) каде ќе настапат на „Балканијадата“.

Ѓорги Петров, Мартина Шахинова, Роберто Здравковски, Ангел Стојанов и Кристијан Грозданов  од КК „Партизан“ и Љубомир Давитков од КК „Кочани“ од 30.11 – 02.12. 2018 година ќе бидат најголемите наши амбасадори во Хрватска.

Вечерава тие заминуваат за Скопје од каде со останатите членови на карате репрезентацијата на Македонија ќе заминат во монденскиот Дубровник.

Им посакуваме поволна жрепка, успешни борби и по некој медал.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари