Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе  кривична пријава против И.С.(33) од село Кучичино, за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

На 17.11.2018 година во 00,45 часот во Кочани на улица „Никола Карев“ од страна на полициски службеници при вршење на сообраќајна контрола и даден знак за запирање на патничко моторно возило „Пежо“, управувано од пријавениот истиот продолжил да се движи и откако застанал физички го нападнал полицискиот службеник.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари