Во сабота и Недела се играат натпреварите од последното коло во женска и машка конкуренција.

Во Сабота во рамките на Првата Фудбалска Лига за жени се играат натпреварите од 13-тото последно есенско коло во кое се среќаваат:

„Кочани“ – „Тиверија“

„Каменица Саса“ – „Тетово“

„Речица“ – „Атлетико“

„СЦ Истатов“ – „Плачковица“

„Љуботен“ – „Борец“

„Драгон“ – „Ас Јунајтед“

„Топ Гол“ – „Прилеп“

Во Недела со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од  14-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток, по што играчите заминуваат на одмор.

Во последното есенско коло се среќаваат:

„Осогово“ – „Слога 1934“

„Овче Поле“ – „Работник“

„Малеш“ – „Брегалница сениори“

„Рудар“ – „Кежовица“

Во Сабота и кошаркарите на „Баскет Дино“ ќе бидат активни. Тие во рамките на 8-то коло во Втората Кошаркарска Лига  – Исток во Кочани го играат дерби натпреварот против екипата на „Борец“ од Велес. Натпреварот започнува во 17:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари