Заврши гребењето на околу 12 илјади метри квадратни асфалтна површина на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани.

Според информациите на стручните служби од Општина Кочани, овие градежни активности овозможуваат Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ да изведе нова канализациска линија и приклучоци за објектите покрај патот, а едновремено ќе бидат санирани и оштетените шахти од фекалната и атмосферската канализација. Пред да се постави асфалтниот слој, ќе се поправат и големите оштетувања кои излегоа на површина по гребењето на површината.

Градежните работи на „Страшо Ербапче“ се изведуваат со финансиски средства од Јавното претпријатие за државни патишта коешто работеше и на реконструкцијата на патот Пониква – Кочани во должина од околу 11 км.

„Страшо Ербапче“ беше сериозно оштетена, а мошне фреквентна улица во дел од градот каде постојат неколку станбени комплекси и јавни објекти. Реконструкцијата на „Страшо Ербапче“ е во функција и на подобрување на патната инфраструктура кон Пониква, бидејќи е сообраќајница што се поврзува со регионалниот пат Р1-309, поранешен Р-519.

Градоначалникот Николчо Илијев неодамна соопшти дека во 2019 година, покрај асфалтирања се планира и реконструкција на дел од оштетените улици во Кочани.

DSC_0008 (Copy)

DSC_0028 (Copy)

DSC_0039 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари