На четвртото Изборно Собрание на  ЗГ „Афористичката репрезентација на Македонија“ од Кочани Јане Атанасов ја доби довербата уште еден мандат да ја извршува функцијата Претседател.

Освен изборот на Претседател на Собранието беа избрани и членови на останатите тела кои во наредните четири години ќе бидат дел од потесното раководство на  ЗГ „Афористичката Репрезентација на Македонија“.

Во новиот Управен Одбор кој брои пет члена освен Јане Атанасов кој е и негов претседател за членови беа избрани: Ристо Филчевски, Марјан Анѓеловски, Славица Цветкова и Благоја Митев.

За претседател на новиот Надзорен Одбор е избрана Ружа Стојмилова а како членови во истиот влегуваат: Дончо Арсов и Ванчо Арсов.

Самото Изборно Собрание помина во една релаксирана атмосфера, онаква каква што секогаш можат да понудат членовите од ЗГ „Афористичката репрезентација на Македонија“ – Кочани.

С. Ивановски

DSCN6371

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари