Како го започнаа, кочанчанки така и го завршија есенскиот дел од првенството во Првата Фудбалска Лига за жени – со пораз. Ако во првото коло како домаќинки „жетварките“ загубија од „Речица“ со 0:5 (0:1) во последното 13-то коло исто така на свој терен претрпеа пораз од „Тиверија“ со 1:4 (0:2).

Струмичанки иако за разлика од претходната година овој пат настапија со подмладен состав, им одржаа фудбалски час на кочанчанки. Рано постигнатиот гол на гостинките како да им даде крилја стихијно да напаѓаат кон голот на Костова па девојчињата на тренерот Оливер Јовановски треба да бидат среќни што со само два гола негатива го завршија првото полувреме, бидејќи ако струмичанки ги искористеа сите т.н. зицери тогаш домаќинките уште на полувремето ќе имаа катастрофален лош резултат. Но како и да е победата на струмичанки е повеќе од заслужена а на „портокалиевите“  им останува да размислуваат преку зимската пауза што и како понатака со овој скромен фонд на играчи.

Пелагонискиот дуел не даде победник, а во Македонска Каменица „рударките“ ископаа нови три бода. „Речица“ како почна во потполн ист стил и го заврши првенството, додека во Нов Дојран речиси Македонската репрезентација играше да го понижи доста младиот и неискусен противник, во што, по конечниот резултат и им успеа.

Во последниот натпревар од ова коло „Драгон“ како домаќин славеше и со три бода предност пред „СЦ Истатов“ ќе презими на првото место.

Резултати од 13-тото коло:

„Кочани“ – „Тиверија“  1:4

„Каменица Саса“ – „Тетово“  3:2

„Речица“ – „Атлетико“  5:0

„СЦ Истатов“ – „Плачковица“  30:0

„Љуботен“ – „Борец“  1:1

„Драгон“ – „Ас Јунајтед“

„Топ Гол“ – „Прилеп“  2:2

Во Прилог табелата по завршување на есенскиот дел од првенството:

 

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари