Со головите на Тоше Манов (2) и Ефтим Аксентиев (1) фудбалерите на „Осогово“ во рамките на 14-тото (последно) есенско коло ја совладаа добрата но неискусна екипа на „Слога 1934“ со 3:0 (3:0).

По сончево и пријатно време за игра и двете екипи натпреварот го започнаа отворено, без многу тактизирања со единствена желба, противничката мрежа. Први се заканија домаќините но ударот на Манов заврши над голот. Потоа следуваше период од добра игра на гостите кои создадоа две шанси за гол кои останаа неискористени. Казната дојде подоцна, најпрвин Манов откако изби само со манир на расен стрелец го префрли истрчаниот гостински голман, а потоа Аксентиев по еден голем кикс на Горгиев немаше тешка задача да зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Манов во последните мигови од првото полувреме кога убаво се извлече на левата страна а потоа рутинирано по земја биеше во левиот голманов долен агол.

Второто полувреме во главно се играше на средината на теренот со неколку обиди од обете страни кои останаа неискористени.

Се на се заслужена победа на „Осогово“ кое есенскиот дел од првенството го заврши на првото место со шест бодови предност пред „Овче Поле“.

Резултати од 14-тото последно есенско коло:

„Осогово“ – „Слога 1934“  3:0

„Овче Поле“ – „Работник“  2:0

„Малеш“ – „Брегалница сениори“  1:1

„Рудар“ – „Кежовица“  1:0

Табелата по завршување на есенскиот дел од првенството:

99

С. Ивановски

DSCN9818

DSCN9632

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари