Плоден  викенд имаа кошаркарите на „Баскет Дино“ од Кочани. Во трите натпревари колку што ги одиграа, во три различни категории забележаа исто толку победи, па со стопостотен учинок викендот го прогласија за мошне успешен.

Во Саботата во рамките на Втората Кошаркарска Лига – Исток во „Спортската сала“ во Кочани „Баскет Дино“ го пречека еден од водечките тимови во лигата, „Борец“ од Велес. Водоста изедначен натпревар полн со пресврти на крајот кочанчани славеа со 76:69 (20:13; 16:16; 11:25; 29:15).

Самиот тек на резултатот по четвртини ја покажува изедначеноста на овој натпревар. Кочанчани првото полувреме го решија во своја полза со 7 поени разлика но со исто толку поени негатива влегоа во последната решавачка четвртина. Но кога беше најпотребно играчите на тренерот Сашо Лазаров заиграа онака како што од нив и се бараше па на крајот заслужено славеа со седум поени разлика 76:69.

Во М-14 лигата „Баскет Дино“ беше домаќин на „МВП“ од Струмица и во доста возбудлив и интересен натпревар на крајот славеа со пола поен разлика, 88:87. Се чини дека решавачка беше првата четвртина кога домаќините обезбедија седум поени разлика 23:16, па иако гостите сите преостанати три ги добија со по два поени се покажа како недоволно бидејќи бодовите останаа во Кочани.

Во М-15 лигата „Баскет Дино“ повторно како домаќин доста убедливо ја совлада екипата на „Ринија“ од Куманово 89:63. Во сите четвртини домаќините беа надмоќни и ги решија во своја полза, но се чини дека третата четвртина во која кочанчани одиграа мошне добро ја направи големата разлика, 28:12.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари