Во организација на „АНИМ“ (Асоцијацијата на наставници по Историја на Македонија), а со финансиска помош и поддршка од „Министерството за Култура“ на Република Македонија, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше отворена изложбата „100 години од Македонскиот фронт“.

Изложбата како што беше истакнато е подготвена со намера да потсети на воените дејствија на Македонскиот фронт 100 години потоа.

Акцентот на изложбата е ставен врз секојдневниот живот на обичните луѓе, особено на цивилното население кое било зафатено во виорот на војната и без своја волја.

Како што истакна  Драган Трајчев – член на Асоцијацијата на наставници по Историја на Македонија самата изложба е составена од 10 паноа на кои се прикажани текстуални и визуелни бројни сведоштва од Македонскиот фронт и истите даваат една извонредна слика за секојдневниот живот на линијата на фронтот.

Изложбата во Кочани ќе биде отворена до Петок (01 декември) а истата ќе биде прикажана во повеќе градови ширум Македонија, а како презентери на истата ќе бидат ученици од средните училишта во соодветните градови.

С. Ивановски

DSCN9927

izlozba-6izlozba-5

izlozba-1izlozba-2

izlozba-3izlozba-4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари