Петте натпреварувачи на Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани: Бојан Панов, Иван Крстов, Марина Гоцевска, Марина Таскова и Филип Манасиев кои настапија на „Државниот натпревар за деца и сениори“ во мошне силна конкуренција го освоија третото место.

„Радува податокот што сите наши учесници настапија во една старосна категорија погоре од дозволената. Управата е задоволна од постигнатите резултати бидејќи ова беше истовремено и подготовка за настапот на кадетите што ќе го имаат на нивното Државно првенство. Инаку нашите натпреварувачи се освојувачи на третото место на државно ниво“ рече Драган Шеќероски – тренер на Џудо Клубот Гладијатор.

С. Ивановски

646263

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари