Синоќа, во рестoранот „Амор“ во Кочани, настапи гудачкиот квартет „Вива стрингс“.

Академските музичари – виолинистите Елена Талевска и Симон Поповски, виолистката Дубравка Зајкова и челистот Дејан Теодосиевски понудија специјално подготвена програма со обработки на популарни рок, соул, фанк, рап и џез-теми.

„Програмата што ја нудиме е несекојдневна, ова е нешто што исклучиво ние го работиме, овде во Македонија, едноставно сметавме дека музиката треба да ја доближиме до обичниот граѓанин, кој ако не е бомбардиран со турбо фолк, тогаш е бомбардиран со популарна музика. Ние земавме мотиви од хитови, направивме обработки, аранжмани за квартетот и целата програма содржи композиции коишто се наши, авторски обработки на популарни песни“ изјави Дејан Теодосиевски од „Вива стрингс“.

Публиката имаше можност да проследи обработки на хитови од АББА, Мајкл Џексон, Стинг, Квин, Ренси Крафорд, Ерик Клептон.

Членовите на „Вива стрингс“ истакнуваат дека публиката не е навикната да сретне гудачки квартет со ваков музички израз, затоа што од квартет се очекува музика којашто е класична, но по тоа што ќе го слушне, секогаш следува воодушевување – што се докажа и во Кочани.

Покровител на настанот е Министерството за култура на Р. Македонија, а реализацијата е со поддршка од Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“.

DSC_0005 (Copy)

DSC_0008 (Copy)(1)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари