Врз основа на одлука бр.02-663/3 од 30.11.2018 год., донесена од страна на Управниот одбор при КЈП „Водовод“ Кочани, се известуваат сите корисници на комунални услуги кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен) дека им се одобрува да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење, и тоа во периодот од 01.12.2018 год. заклучно со 21.12.2018 год.

Ваквата можност не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со Закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија и Општина Кочани, вклучително и Општина Кочани.

Во прилог на ова известување е Одлуката бр. 02-663/3 од 30.11.2018 год.

КЈП „Водовод“ Кочани

Scan_20181203_094241

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари