За новата градежна офанзива во 2019 година, општина Виница и ЈКП „Солидарност“ со нов возен парк. Од денес кругот на јавното претпријатие е подновен со ново возило – ровокопач од англиско производство.

Според директорот Игорчо Христов, ново возило за градежни активности не е набавено од 1989 година, градежната група во јавното претпријатите работи со багери стари по три децении. Според градоначалникот Ивица Димитров, ова возило е обезбедено со грант од Светска Банка во висина од 2.600.000,00 денари, и дополнителни 1.700.000,00 денари се средства од Буџетот на општината, или вкупната вредност на возилото е 4.243.000,00 денари.

Како што најави Димитров, веќе во јануари или фебруари се очекува да пристигне и уште едно возило за подобрување на комуналните услуги, а ќе биде наменето за собирање комунален отпад, а во најава е набавка и на уште едно возило се со цел комплетирање на потребите на јавното претпријатие во сервисирањето на секојдневните услуги за нас граѓаните.

Општина Виница

DSC_1678

DSC_1672

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари