Ротари Клуб „Кочани Виница“ спроведе уште една донаторска акција.

Овој пат во Ургентниот центар при Општа болница Виница е дониран 12 канален ЕКГ апарат кој и те како им беше потребен на граѓаните на Виница.

Една од целите на Ротари е подобрување на здравството.

За таа цел Ротари Клуб „Кочани Виница“ организираше хуманитарна претстава на која гостуваше театарот од Штип со претставата „Умри машки“.

Собраните средства од представата надополнети со донација на споствени средства на Ротаријанците овозможија да се набави еден 12 канален ЕКГ апарат и да се стави во употреба на најпотребното место Брзата Помош во Виница.

222

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари