Се одиграа шесте 1/8 финални натпревари во фудбалскиот куп на Македонија во женска конкуренција.

Во Струга кочанчанки го завршија годинешното натпреварување во фудбалскиот куп на Македонија во женска конкуренција  со што затворија една мошне лоша фудбалска година, домашниот „Ас Јунајтед“ беше далеку подобар од „жетварките“ и заслужено продолжува понатака.

И на преостанатите пет натпревари славеа домаќинките а се чини дека највозбудливо беше во Тетово каде истоимениот тим и гостинките од Македонска Каменица дури по изведување на пенали го решија четврт финалистот.

Резултати од 1/8 финалните натпревари:

„Ас Јунајтед“ – „Кочани“  5:1

„Тетово“ – „Каменица Саса“   2:2 (6:5 по изведувањето на пенали)

„Борец“ – „Плачковица“  1:0

„СЦ Истатов“ – „Љуботен“  7:1

„Прилеп“ – „Речица“  3:2

„Топ Гол“ – „Атлетико“  6:1

Во четврт финалето пласман обезбедија: „Ас Јунајтед“;  „Тетово“; „Борец“;„СЦ Истатов“;  „Прилеп“;  „Топ Гол“ каде ќе им се придружат и минатогодишните финалисти „Тиверија“ и „Драгон“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари