Утре (Петок) е последниот ден за пријавување на 10 невработени лица кои Општина Кочани сака да ги ангажира со договор на дело.

Имено, Општина Кочани распиша јавна објава за ангажирање со договор на дело на 10 невработени лица за вршење работи – достава на акти.

Доставата ќе се врши на територија на општина Кочани, а за извршената услуга ќе се плаќа по 30 денари од уредна достава.

Рокот за пријавување е заклучно со утре (петок), 7 декември 2018 година.

Целосната објава е на веб-страницата на Општина Кочани и на огласната табла пред општинската зграда.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари