Завршува асфалтирањето на улицата „Страшо Ербапче“, којашто го поврзува Кочани со Пониква. Поволните временски услови и во декември дозволија да се реконструираат 2,4 километри откај крстосницата кон Пониква, на влезот во Кочани, до клучката кај Бели. Градежната механизација, во многу краток рок, само за три дена, го постави новиот слој на една од најпрометните улици во Кочани.

Увид во градежните активности изврши и градоначалникот Николчо Илијев, кој го изрази задоволството од поддршката од државниот буџет за подобрување на патната инфраструктура.

„За целосната реконструкција на овој потег добивме средства од Јавното претпријатие за државни патишта. „Страшо Ербапче“ беше во очајна состојба, сериозно оштетена, а таа е една од најфреквентните улици во овој дел од градот, каде гравитираат неколку станбени комплекси, јавни објекти, меѓу кои и Болницата. Исто така таа е единствената сообраќајна врска со регионалниот пат Р1-309, поранешен Р-519, патот кон Пониква“ соопшти градоначалникот Николчо Илијев.

По рехабилиацијата на единаесетте километри на патот од Спортско-рекреативниот центар „Пониква“ кон Кочани, остануваат уште осум километри од регионалната делница кои, според најавите на градоначалникот Илијев, ќе бидат обновени во 2019 година.

DSC_0018 (Copy)

DSC_0051 (Copy)

DSC_0012 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари