Најавениот марш на ВМРО ДПМНЕ во Кочани започна во „Паркот на Револуцијата“ каде беше зборното место, од каде колоната продолжи по улицата „Кеј на Револуцијата“ па преку мостот кај „Градскиот плоштад“ по улицата „Маршал Тито“ заврши пред платото во Градскиот Трговски Центар.

По интонирањето на државната химна Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски им се обрати на присутните.

„Слушам за многу закани и уцени, од животот кој дојде во Македонија, а пекол ни го направија секојдневието. Дојде време полошо од времето на комунистичка Југославија. Ако го спомнеш името Македонија ќе те прогласат за анти Европеец, ќе те прогласат за неконструктивец, ќе те прогласат дека си изолациониста“ го започна своето обраќање Мицкоски.

„Ниту во Османлиско не било така како што е денеска. Сега ќе се јават оние армадили да ме критикуваат со зборовите „Еве го овој, повторно го опструира процесот“. Да, ќе го опструирам и ќе се борам се додека можам затоа што ме боли и ме пече. Затоа што тоа ми е дедовина, тоа ми е татковина и нема никогаш да престанам да се борам дишам за правата и за мојата Македонија. И не се срамам затоа што сум Македонец, затоа што моите два сина се Македонци и затоа што моите наредни внуци ќе бидат Македонци“ продолжи Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски од говорницата испорача шест барања меѓу кои побара оставки од неколку министри, да се запре со повисоките даноци а и да се изнајде решение за чист воздух, да се продолжи проектот со гасификацијата.

Протестот заврши онака како и што започна, со скандирање на името на партијата и со повици за оставка од власта.

С. Ивановски

DSCN0023

DSCN0069

DSCN0035

DSCN0033

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари