Група граѓани кои живеат на улицата „Никола Вржалски“ ни испратија неколку фотографии од нивната улица со цел да го свртат вниманието на надлежните институции во општината бидејќи како што истакнуваат во дописот нивната улица поради лизгање и одрони од ден на ден станува ризична за живеење.

Во дописот се вели: „Ние сме жители на улицата „Никола Вржалски“ поранешна „АВНОЈ“ која се наоѓа во Белското маало и на истата живеат семејства повеќе од 50 години. Иако при изградбата на нашите куќи сите обврски кон државата ги имаме регулирано, ние денес сме заборавени од речиси сите надлежни институции во општината. Нашата улица која е во многу лоша состојба од ден на ден станува се поопасна за живеење.  Ризикот е голем како за пешаците така и за возилата поради постепените лизгања и одрони на улицата. Сите досега ни ветуваа дека ќе интервенираат и дека улицата ќе се доведе во нормална положба, но за жал до денес никој не се зафати за решавање на нашиот проблем. Нашето долгогодишно трпение е при крај и доколку во најскоро време не се преземат чекори за решавање на нашиот проблем ние жителите од улицата „Никола Вржалски“ ќе бидеме приморани на граѓанска непослушност. Одговорноста за секој немил настан ќе падне на товар на надлежните во општината“.

Приложените фотографии само ја потврдуваат загриженоста на жителите од улицата „Никола Вржалски“.

Се надеваме дека текст и фотографиите ќе допрат до надлежните служби во општината и дека ќе се преземат мерки за решавање на овој навистина загрижувачки проблем.

С. Ивановски

626365

676466

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари