На 10.12.2018 година во 08.55 часот на магистралниот пат Делчево –Кочани во атар на село Драмче, делчевско се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Mерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(34) од село Јакимово, виничко, и патничко моторно возило „Oпел омега“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(44) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Ј. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари