По речиси една седмица, кошаркарите на „Баскет Дино“ М-12 и М-16  се вратија од Меѓународниот кошаркарски турнир кој од 06 – 09 Декември се одржа во градот Прземискич (Полска).

Заминувањето на турнирот се покажа како полн погодок бидејќи кочанските кошаркари се вратија со едно прво и едно четврто место

Генерацијата М-12 беше убедлива на турнирот на кој учествуваа 6 екипи, а „Баскет Дино“ со 5 победи од исто толку натпревари на крајот заслужено дојде до големиот пехар. Дека играчите на тренерот Сашо Лазаров беа доминантни покажува и податокот што на сите пет натпревари за МВП играчи беа прогласени неговите кошаркари.

Во првото коло за МВП беше прогласен Дино Лазаров, на вториот Симон Крчев, на третиот Патрик Илиев, на четвртиот Младен Василов, а на петтиот Горазд Митев.

Признанијата „Најдобар стрелец“ со 175 кошеви и „Најдобар играч“ на турнирот му припаднаа на Дино Лазаров.

Генерацијата М-16 исто така се најде во група со шест екипи и со три победи и два пораза на крајот се пласираше на 4-тото место.

С. Ивановски

848590

888991

879492

82

95

96

83

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари