Кошаркарите на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ како победници на Зонските натпревари кои во организација на Сојуз на училиштен спорт – Кочани и со техничка поддршка на Федерацијата на училиштен спорт на Република Македонија обезбедија пласман на Меѓу-зонските натпревари кои ќе бидат на програмата во месец Март следната година.

Освен кошарка на Зонските натпревари учениците од основните училишта од општините Кочани, Чешиново-Облешево, Виница, Зрновци, Македонска Каменица, делчево, Берово и Пехчево се натпреваруваа и во футсал и ракомет.

Новина од оваа година е што Зонските натпревари се играат по двокружен турнирски систем (секој со секого) се со цел екипите да играат што повеќе натпревари.

Првопласираните две екипи на Меѓузонските турнири ќе обезбедат пласман на Републичкиот каде и ќе се добијат годишните победници.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари