Денеска, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев беше дел од официјалната делегација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при посетата на СРЦ „Пониква“, каде полициски службеници ја реализираа обуката за прием во Единицата за специјални задачи и ги презентираа стекнатите професионални знаења.

„Имав можност да ја проследам тактичко-показната вежба во која се истакна тимската работа и професионалноста на припадниците на оваа единица на Министерството за внатрешни работи. Терените на Пониква нудат одлични услови за тренинг и постигнување на потребната ментална и физичка подготовка на припадниците на оваа Единица“ соопшти градоначалникот Николчо Илијев.

Честитајќи им го на полициските службеници успешното спроведување на обуката, министерот Спасовски им посака успех во новите професионални предизвици што се поставуваат пред нив како припадници на Единицата за специјални задачи.

„Да се биде припадник на ваква елитна единица не е едноставна работа, овие луѓе се најдобри меѓу најдобрите. Зад нив стојат поминати месеци и години напорен тренинг, подготовка и искуство од многубројни извршени сложени безбедносни задачи“ рече министерот Спасовски во своето обраќање.

62

63

64

65

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари