Во организација на Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани а со техничка организација на Џудо Федерацијата на Македонија денес во Кочани се одржа „Државното екипно првенство за сениори“.

На првенството учествуваа шест екипи кои се натпреваруваа 4 во машка и 3 во женска конкуренција, додека домаќинот „Гладијатор“ настапи во поединечнаи  микс екипно.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев најпрвин ги поздрави џудистите и останатите гости во „Спортската сала“ а потоа турнирот го прогласи за отворен.

Во доста интересни и неизвесни борби на крајот првото место во машка конкуренција заслужено и припадна на екипата „Миоки“ од Скопје, второто на „Супер џудо“ (Скопје) а третото место го поделија „Сеишин“ (Прилеп), „Пролетер“ (Прилеп)  и домаќинот „Гладијатор“, а во женска конкуренција првото место беше резервирано за „Миоки“, второто за „Супер џудо“, а третоо за „Сенсеи“ (Радовиш).

Целта ова првенство да се организира во „градот на оризот“ беше да оваа древна боречка вештина ја доживеа својата официјална промоција и да привлече што поголемо внимание на спортските љубители.

За жал поради лошите временски услови малкумина се осмелија да ги напуштат своите домови и да дојдат во салата за да присуствуваат на ваков настан кој за прв пат се организираше во Кочани.

С. Ивановски

DSCN0142

DSCN0129

DSCN0130

DSCN0158

 

Mioki-mazi-prvi-ekipno-2018

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари