Заврши Светската кампања „16 денови активизам за заштита на жени и девојчиња од насилство“ именувана како “Orange the world Hear Me“.

Целта на оваа кампања е да се бранат правата на жените кои секојдневно претрпуваат насилство, и нивниот глас и нивната приказна мора да се слушне и да се распростани.

Според добиените податоци една од три жени се жртви на насилство во текот на својот живот, без разлика на социјалниот статус, верска припадност, земја на потекло или возрасната група во која спаѓаат.

Кога станува збор за семејно насилство, станува збор за многу чуствителен облик на насилство бидејки сите сме уверени дека токму домот треба да биде засолништето од разни видови на насилств, но во овој случај жртвата се соочува со трауми кои предизвикуваат поинаков стрес и чувство и дека нема каде да се сокријат бидејќи насилството се случува токму во нивниот дом.

Семејното насилство остава и голем негативен белег на децата кои се директни сведоци на истото и тоа може а и сигурно влијае и предизвикува негативни последици во понатамошниот нивни правилен психички развој.

Нашето општество се наоѓа во развојна фаза и на темава сеуште гледа како табу, за што сведочат податоците дека една половина од жртвите ни не помислуваат да го пријават насилството сметајќи дека соодветните институции не можат да им помогнат.

За ваквото чувство имаат допринос и судските процеси кои според одредени статистики кажуват дека 7/10 предмети доживуват разрешница, односно 1/3 од насилниците не се соочуват со правен прогон.

Според „Истамбулската конвенција“, Македонија завзема високо место во рангирањето на земји во спроведувањето на реална заштита на жените и девојчињата од насилства. Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија во соработка со „UN women“, „UNICEF“ и други Светски организации превзема големи чекори за подобрување и решавање на мерките против секаков вид насилства.

И покрај завршувањето на кампањата , борбата против насилството врз жените и девојчиња продолжува се со цел пза одигање на свеста на јавноста за неприфаќање на секаков вид на родово базирано насилство и нулта толеранција кон насилниците.

Александра Тасевска

Одделение за родова рамноправност

Подрачна Единица – Кочани

48398991_2004434802984026_9205735007056822272_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари