Во конкуренција на 70 планинарски клубови во Република Македонија, Федерацијата за Планинарски Спортови на Македонија признанието за „Најдобар планинарски клуб во 2018“ му ја додели на ПСК „Осогово“ од Кочани.

Инаку ова е трета година по ред како овој реномиран клуб од „градот на оризот“ го добива ова признание.

Инаку ПСК „Осогово“ и источниот дел од републиката со доделувањето на лиценца на Тошо Антов го добија првиот лиценциран водич и првиот лиценциран маркер за одбележување и трасирање на планински и туристички патеки.

Паралелно со ова признание ПСК „Осогово“ е именувано за координатор на трасирањето на најдолгата планинарска патека  „Источна Трансверзала“ во должина од 300 километри.

С. Ивановски

62

636465

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари