Р Е Ш Е Н И Е За свикување 15-та редовна седница на Советот на општина Виница

1.15-та редовна седница на Советот на општина Виница ја свикувам на ден 19.12.2018 година со почеток во 11,00 часот во салата за состаноци на 4-ти во зградата на Локалната самоуправа Виница.

2.Пред утврдувањето на Дневниот ред, најнапред ќе се изврши усвојување на Записникот од 14-та седница на Советот на општина Виница одржана на ден 29.11.2018 година.

За оваа седница го предлагам следниот:

Д н е в е н р е д

1.Предлог-Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог- Програма за работа на Советот на општина Виница за 2019 година;

2.Нацрт-Буџет на општина Виница за 2019 година;

3.Барање од Сузана Димитриова од Штип, за спонзорство за реализација на меморијален турнир во мал фудбал;

4.Предлог-Програма за работа на ФА „Китка“-с.Истибања со предлог-Буџет за реализација на Програмата во 2019 година;

5.Предлог-Програма за реализација на 34-от Меѓународен Фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“-Истибања со Предлог-Буџет за реализација на 34-от Меѓународен Фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“-Истибања во 2019 година;

6.Барање од ФК Слога 1934 Виница за одобрување на финансиски средства за натпреварување, организирање, работење и водење во 2019 година со Финансов план;

7.Програма за работа со финансиска конструкција на РК „Торо спорт“  Виница за 2019 година;

8.Барање од Кошаркарскиот клуб „Албатроси“-Виница на финансиски средства во натреварувачката 2018/2019 година со финансиска конструкција;

9.Програма за работа и Барање за финансиска подршка за 2019 година на ППК ВИНСПИН Виница;

10.Барање од Ракометниот клуб „Бошески Спорт – Виница“ на финансиски средства за 2019 година со Финансиска конструкција;

11.Барање од У.С.К. Гоце Делчев“-Виница на финансиски средства за 2019 година со Финансиска конструкција;

12.Барање од Карате клуб „Блатец“-Виница на финансиски средства за 2019 година со Финансиски план за натпревари;

13.Барање од Клубот за боречки вештини Лидер-Дуке од Виница на финансиска помош;

14.Барање од Здружение Спортско Риболовен Еколошки клуб „КРАП“-Виница на финансиски средства за 2019 година;

15.Предлог за финансирање на Програмски активности на Едукативен центар „ТОТИ“-Виница за 2019 година од Буџетот на општина Виница;

16.Програма на Извиднички одред „АРМОНИЈА ВИН“-Виница за 2019 година со вкупни трошоци за тековно работење;

17.Барање за финансиска подршка на ЛЗ Бел Камен-Виница;

18.Барање од Здружение на планински спортови „ЧУПИНО“-Виница за одобрување на средства за организирање и спроведување на Меѓународни трки во планинско трчање во 2019 година;

19.Предлог-проект на „Отворен Младински центар“ за подршка за обезбедување на младински центар во Градскиот парк во Виница;

20.Програма за работа на Асоцијација за интернационална мобилизација за 2019 година;

21.Барање од м-р по археологија и историја Сашко Методи Темелков од Виница на финансиски средства за печатење на книги;

22.Програма за работа на ОО на Црвен крст Виница за 2019 година;

23.Барање од ОО на Црвен крст Виница на финансиски средства за унапредување на крводарителството во 2019 година;

24.Годишна Програма за работа на Центарот за креативен развој, едукација и психотерапија Аспекти-Исток за 2019 година;

25.Програма за работа на Меѓуопштинското Здружениение на лица со телесен инвалидитет на општините Кочани, Виница, Берово и Делчево Мобилност-Кочани за 2019 година со вкупни трошоци за тековно работење;

26.Програма за работа на Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА-Виница за 2019 година со Финансова Програма;

27.Програма за работа на Регионална Занаетчиска комора за 2019 година со Финансова Програма;

28.Барање од Здружение на пензионери – Виница на финансиски средства за потребите на Здружението за 2019 година;

29.Програма за работа на ОО на Сојузот на борците на општина Виница за 2019 година со Преглед на потребни финансиски средства за реализирање на Програмата;

30.Иницијативи од ОО на СБМ Виница;

31.Годишна Програма за работа на Ромската советодавна група на граѓани (РСГГ) од Виница за 2019 година;

32.Барање од Здружение „Свет крст“-Виница на финансиски средства за 2019 година со Буџет;

33.Барање од Ацо Анастасов од Виница за одобрување на финансиски средства за лекување;

34.Барање од ОЈУДГ Детска градинка „Гоце Делчев“-Виница на финансиски средства за одржување Новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз во приказните“;

35.Барање од Идеа-Агро с.Блатец, Виница за покренување на постапка за изработка на УПВНМ и подршка на проект;

36.Барање од ВИНИ ФАРМА ДОО Илинден, за промена односно изработка на УПВНМ;

37.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на барателот Марина и Марјан Пецови од Виница;

38.Извештај за здравствена безбедност на водата во с.Трсино, с.Трстија, с.Крушево, с.Градец, с.Виничка Кршла, с.Драгобраште, с.Пекљани;

39.Советнички прашања.

Совет на Општина Виница

Претседател,

М-р Тони Велков с.р.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари