Очигледно на Градоначалникот Илијев не му е познато како функционира Локалната самоуправа и што значи Совет на Општина, па истиот си дозволи од говорница да упати омаловажување до сите советници и понижување на институцијата СОВЕТ со изјавата дека „не бил присутен на седницата на Совет одржана на ден 13.12.2018г., бидејќи имал попаметна работа од тоа да ја слуша расправата на советот и продавањето на гола политика“ !!!

Со директното понижување на Советот ги понижува и сите граѓани на општина Кочани.

Илијев заборава дека на местото на Градоначалник дојде како кандидат на СДСМ, и сака бесрамно да го наметне фактот дека истиот е „непартиски“ .

Ако сакаше да биде „непартиски“ Грдаоначалник согласно Изборниот закон требаше да си ги собере потребните потписи за незвисен кандидат, меѓутоа бил свесен дека не е толку моќен, па се сокри зад параванот на СДСМ и сега безусловно ја спроведува нивната политика.

Секоја добронамерна критика од советот Градоначалникот Николчо Илијев ја сваќа лично и оди во директна пресметка со советниците кој му ја упатиле. Со ова само го потврдува фактот дека истиот нема капацитет да се носи со функцијата ГРАДОНАЧАЛНИК !

Дали е „гола политика“, ако од Градоначалникот се бара реализирање на ветените изборни програми и проекти?!

Да, Николчо Илијев ВЕТИ, но како кандидат за Градоначалник, а сега како Градоначалник не знае како да го исполни ветеното и можеме да го разбереме зошто има попаметна работа од седниците на Советот на неговата Општина.

Со бегање од одгорноста, бегање од ветеното не се решаваат проблемите на граѓаните, бидејќи многу граѓани гласаа за вас токму поради вашите ветувања!

За крај, да бидеме на јасно – Николчо Илијев не заборавај дека Локалната самоуправа и Советот на општина не се вашата приватна фирма и нема да Ви го дозволиме таквото потценувачко и недолично однесување!

Центар за комуникации

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Советничка група на коалиција

предводена од ВМРО ДПМНЕ

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари