– Одговор на градоначалникот Н. Илијев на реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани членови на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вие, кои се повикувате дека сте избрани од граѓаните, а притоа кога гласате или дискутирате во Советот – не можете со дискфалификации кон другите да ги убедите граѓаните дека го застапувате нивниот интерес.

Со вашето однесување во Советот покажавте дека сте заслепени од дневната политика и интереси и дека брзо заборавате на граѓаните.

Да ве интересираа граѓаните и нивните проблеми, барем еден од вас ќе останеше до крајот на седницата и ќе го искористеше правото да дебатира.

Да ве интересираа граѓаните, барем еден од вас ќе се вклучеше во јавните расправи што ги организиравме: за култура, спорт, за нацрт-буџетот, во дебатите за решавање на проблемите со паркирањето, за дисклокацијата за Градскиот пазар, ќе се заинтересиравте за идејните решенија за Градскиот парк, ќе критикувавте, аргументиравте.

Да ве интересираа граѓаните, немаше да бегате од одговорноста за која скапо сте платени со парите од сите граѓани.

Крајно време е да сфатите дека Советот не е место каде што дофрлувате од страна, каде „сеете ветер и магла“, туку е арена на мислења и аргументи на сите што се вклучени во креирањето на локалните политики и на решавање на прашања од јавен интерес.

Крајно време е да сфатите дека граѓаните бараат дебата за реалните проблеми, а не напуштање на седници.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари