В понеделник, на 24 декември во просториите на Библиотеката „Искра“ во Кочани ќе биде отворена изложбата на ликовни творби изработени од деца на предучилишна возраст, учесници во програмата „Книгата патува во домот на секое дете“.

Децата ги работеа ликовните творби според мотиви од прочитани сказни.

Програмата „Книгата патува во домот на секое дете“ се реализира во соработка со Детската градинка „Павлина Велјанова“.

Отворањето на изложбата е во 10 ч.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари