Форумот на жени при ОО на СДСМ – Кочани и СДММ – Кочани во соработка со „Црвен крст“ на Република Македонија и годинава ја реализираа хуманитарната акција „Дарувај од срце“.

Пакети со топла облека и обувки и годинава беа поделени на социјално загрозените семејства од Општина Кочани.

Целта на акцијата која трае веќе неколку години е колку-толку да им се помогне на социјално загрозените семејства посебно во овие студени зимски денови.

Како што дознаваме нема да се заврши на оваа акција, туку во текот на зимскиот период ќе се организираат и други слични наменети исклучиво за социјално загрозените семејства.

С. Ивановски

48414443_2081203121936978_5130807179212750848_n48398897_2341381519417434_7500302810638974976_n

48412725_2242860099305514_4988196080094019584_n48372393_502828506874949_1748333228873220096_n

48421054_836015553437011_7909583708997287936_n

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари