Во организација на Федерацијата за Гимнастички Спортови на Македонија денес во Мотелот „Слив“ (Виница) се одржа традиционалното прогласување на најуспешните во „А“ и „Б“ лигата во машка и женска конкуренција за годината на заминување 2018.

Членовите на КГС “Кочани“ ги собраа наградите.

За „Најдобар машки клуб“ е прогласен КГС „Кочани“;

Најдобар тренер во конкуренција мажи е Николче Колев (КГС „Кочани“);

За „Особен придонес во судискиот кадар“ признанието и беше доделено на Радмила Станчева од Кочани;

„Најдобар млад јуниор во А лигата“ –  Антонио Јаношевиќ;

„Најдобар јуниор А лига“ – Стојан Анастасов;

„Најдобра јуниорка А лига“ – Јана Николова;

„Најдобра помлада пионерка А лига“ – Патриција Костадиновска;

„Најдобар помлад пионер Б лига“ – Андреј Јованов;

„Најдобар постар пионер Б лига“ – Лука Цветков;

Признанијата им ги врачи Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров.

Систематската работа која се спроведува во клубот во изминатиот период од година во година ги дава посакуваните резултати, но истите се и обврска во исто темпо да се продолжи и во следните години, бидејќи Кочани е познат како „град на гимнастиката“ уште од времето на некогашна Југославија.

Честитки за доделените признанија на добитниците им упати и Љупчо Арнаудов – Претседател на Федерацијата на Гимнастички Спортови на Македонија.

С. Ивановски

727374

757776

797880

81

71

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари