Како увертира на предновогодишното празнување во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница „Пенче Кралев квинтет“ одржа џез концерт со кој ја воодушевија виничката публика. Квинтетот е комбинација на млади музичари, студенти на музичкиот отсек во Штип, на одделот за џез студии.

Квинтетот  кој го сочинуваат Ристе Трајковски (алт саксофон), Филип Стошиќ (тенор саксофон), Драган Теодосиевски (тапани), Благоја Глигоровски (гитара) и Панче Кралев (контрабас) досега имаат забележителни настапи низ целата држава, а овој што беше одржан во Виница е еден вид на проект кој е поддржан од „Министерството за култура на Република Македонија“.

Според Панче Кралев оваа работа бара секојдневни тренинзи, но според него она што го сакаш нема мерка на умот. Иако има џез музиката доста приврзаници во државата Кралев смета дека од неа кај нас не може да се живее. Дециден е дека доколку во иднина државата не почне да размислува за некакво субвенционирање со кое ќе бидат поддржани музичарите илузија ќе биде дека некој ќе сака да остане во Македонија и да се живее само од џез музика.

По концертот на „Панче Кралев квинтет“ музичките културни настани во Виница продолжуваат. Во Среда (26 Декември) во Домот на културата „Тошо Арсов“ на програмата е концерт на класична музика на кој ќе настапат Марија Максимова – пијано и Виолета Арсовска – сопран.

52

5453

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари