Во Дневниот центар за деца со посебни потреби во Кочани кој работи во склоп на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи се одржа трибина со цел запознавање и информирање на граѓаните со формата на згрижување на деца без родители и родителска грижа и други лица во социјален ризик во згрижувачки семејства. Во Кочани и општините што ги покрива Центарот засега се згрижени 14 деца во згрижувачки семејства а има потреба од поголем број заинтересирани лица кои сакаат да згрижат дете. Затоа, преку ваквите трибини се подига и свеста кај граѓаните за згрижување дете од социјален ризик.

„Денес имавме одличен повод да ја продолжиме кампањата „На секое дете му е потребно семејство“. Тоа е кампања за деца кои се без родителска грижа која што ја води Министерството за труд и социјална политика со поддршка на УНИЦЕФ . Ние како Меѓуопштински Центар за социјални работи сме дел од таа кампања и  одржуваме трибини. Денеска се одржа во Кочани а  за утре имаме планирано трибини во Зрновци и Чешиново – Облешево со цел да ги запознаеме потенцијалните згрижувачи со можностите што ги нуди кампањата“, истакна  Кирил Ковачев, директор на Центар за социјални работи Кочани.

Инаку, Ротари клубот „Кочани Виница“ како резултат на  одличната соработка со Центарот додели пакетчиња на децата што се во згрижувачки семејства како и на оние од Дневниот центар за деца со посебни потреби и со тоа им ја честиташе Новата година.

Во знак на благодарност за одличната соработка, директорот на Центарот за социјални работи Ковачев додели благодарници на Ротари клубот како и на медиумите во Кочани. Инаку во Дневниот центар за деца со потребни потреби засега има 5 деца со интенција оваа бројка да порасне на 12 лица со цел да се задоволи капацитетот на центарот, додаде Ковачев.

42

43

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари