Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев како претседател на „Источно планскиот регион“ денес учествуваше на состанокот на тема за прифаќање на границите и зоните на заштитеното подрачје „Осоговски Планини“.

На состанокот беше отворена широка дискусија со претставници од надлежните министерства и институции, општините од Осоговскиот Регион, академската заедница и европскиот тим вклучен во дефинирањето на предлогот за заштитено подрачје на „Осоговските Планини“.

Градоначалниците од овој регион беа единствени во поддршката за прогласување на заштитено подрачје, кое е од голема корист за регионот и кое ќе отвори можности за дополнителен развој. На овој начин ќе бидат превземени чекори и кон заштита на постојаното природно регионално наследство.

Како што истакна Илијев тој смета дека во наредниот период сите клучни страни ќе ги препознаат предностите што ги носи овој проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зачувување на природата во Македонија и изнаоѓање заедничко прифатливо решение што ќе овозможи одржлив развој и заштита на природата во Осоговијата.

С. Ивановски

48392891_371043693444241_3293756036426498048_n

48397904_371043690110908_623594354769920000_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари