Решение: За свикување 16-та редовна седница на Советот на општина Виница

1.16-та редовна седница на Советот на општина Виница ја свикувам на ден 27.12.2018 година со почеток во 11,00 часот во салата за состаноци на 4-ти во зградата на Локалната самоуправа Виница.

Д н е в е н    р е д

1.Информација за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште и патишта во 2018 година;

2.Програма за уредување на градежно земјиште, улици и патишта во општина Виница за 2019 година;

3.Програма за работа на Асоцијација за интернационална мобилизација за 2019 година;

4.Програма за работа на Меѓуопштинското Здружениение на лица со телесен инвалидитет на општините Кочани, Виница, Берово и Делчево Мобилност-Кочани за 2019 година со вкупни трошоци за тековно работење;

5.Барање за финансиска поддршка и соработка со Подружницата на „Борка“- во Виница;

6.Предлог-Буџет на општина Виница за 2019 година;

7.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Виница за 2019 година;

8.Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;

9.Извештај за реализирање на Програмата за работа на ЈП „Солидарност“-Виница за 2018 година;

10.Програма за работа на ЈП „Солидарност“-Виница за 2019 година;

11.Програма за јавна чистота на ЈП „Солидарност“-Виница за 2019 година;

12.Програма за работа на ЈП за комунално-производни и услужни работи „Кале“-Блатец за 2019 година;

13.Програма за работа на Општинската установа Дом на културата „Тошо Арсов“-Виница за 2019 година;

14.Програма за работа на Локалниот Археолошки и историски Музеј „Теракота“-Виница за 2019 година;

15.Програма за работа на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ – Виница за 2019 година;

16.Барање од МЗ Јакимово за одобрување финансиски средства за изградба на потпорен зид;

17.Барање од Јован Јованов од Виница на финансиски средства за лекување;

18.Барање од Јулијана Момчилова од Виница на финансиски средства за лекување;

19.Барање од Нада и Бранко Пешови од Виница на финансиски средства за санирање на штета на опожарен дом;

20.Советнички прашања.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВИНИЦА

Претседател,

М-р Тони Велков с.р.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари