Врз основа на член 33 став 1, алинеја 1 од Деловникот на општина Кочани („Сл.гласник на Општина Кочани“бр.5/06 и 2/012), ја свикувам 20-тата седница на Советот на Општина Кочани за 28.12.2018 година (петок), со почеток во 08.00 часот, во Салата на Советот на Општина Кочани, со следниот предлог за

Д Н Е В Е Н Р Е Д

  1. Предлог- одлука за утврдување критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта.
  2. Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2019 година
  3. Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2019 година
  4. Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2019 година.
  5. Одлука за промена- зголемување на цената на м3 геотермална вода.
  6. Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за поддршка на образованието во општина Кочани за 2019 година.
  7. Родово одговорна стратегија за одржлив развој на општина Кочани (2019-2023).
  8. Предлог- одлука за закуп на простор на медиуми и електронски (интернет) портал и закуп на термини за емитување на различни видови на програма согласно приложен медиа план.
  9. Предлог- буџет на општина Кочани за 2019 година
  10. Предлог- одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година.
  11. Предлог- одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2019 година
  12. Предлог- одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година.
  13. План за јавни набавки на општина Кочани за 2019 година.
  14. Предлог- одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани
  15.  Предлог- одлука за утврдување на просечни цени на земјоделско и градежно земјиште по извршени купопродажби од претходна година.
  16. Ценовник за користење на салaтa во СОУ„Гошо Викентиев“-Кочани
  17. Предлог- одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место за изградба на комплекс со основна класа на намена Г2-лесна и незгадувачка индустрија во м.в.Цацков бунар КО Тркање, Општина Кочани.
  18. Предлог- решение за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани.
  19. Предлог- решение за запирање на објавувањето на Заклучок во врска со Програмата за спорт на општина Кочани за 2019 година , Бр.09-2671/2 од 13.12.2018 година.
  20. Предлог- одлука за определување на крајбрежен појас на Оризарска река (Масалница) во опфат на село Оризари, опфатен со Урбанистички план за село Оризари- Општина Кочани.
  21. Предлог- одлука за определување на крајбрежен појас на Оризарска река (Масалница) во делот кој тангира со плански опфат на УПС Мојанци- Општина Кочани
  22. Предлог- одлука за определување на крајбрежен појас на Тркањска река во опфат на село Тркање, опфатен со Урбанистички план за село Тркање- Општина Кочаани.

Претседате:

на Советот на Општина Кочани,

Томе Солевски

Изготвил: В.Б

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари