Од денес (26-ти Декември) во „Меѓуопштинскиот Центарот за социјални работи“ – Кочани, започна законското годишно пријавување на корисниците на социјална парична помош.

Лицата кои се корисници на социјална парична помош потребно е да ја подготват својата комплетна документација, а при обновата на пријавувањето во центарот задолжително треба да се присутни сите полнолетни членови од семејствата и да истите со себе носат важечка лична карта која ќе ја покажат на одговорното лице.

Пријавувањето ќе трае до 28.01.2019 година.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари