Аксел Ахмедовски кој беше Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите во Владата на Rепублика Македонија од денес нема повеќе да ја извршува оваа функција. Така решиle мнозинството гласови од пратениците.

Во периодот за кој беше на оваа функција Ахмедовски многу допринесе да се подобрат условите за живот на Ромите.

Посебно тој беше доста активен кога беа во прашање проектите од инфраструктирно значење на ромската популација, во источно планскиот регион.

Само во Кочани преку изнаоѓање на финансиски средства асфалтирани се неколку улици каде претежно живеат Роми, подобрена е канализациската мрежа а во соработка со Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев беше доста активен во изнаоѓање нов простор и трајно решение за изградба на семејни домови за семејствата кои треба да бидат дислоцирани од „Старата Касарна“.

Како што објави Владата на Република Македонија на местото на Аксел Ахмедовски за нов Министер без ресор задолжен за имплементација на Ромите е избран Музафер Бајрам.

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев задоволен од досегашното ангажирање на Ахмедовски, му понудил тој и понатаму да им служи на граѓаните преку друга функција во извршната власт.

С. Ивановски

29432434_10157210757981729_971327680286818304_n

DSC_0003 (Copy)

1

DSCN9572

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари