Со музика и песни во изведба на учениците, со доделување награди и новогодишни пакетчиња и со мини свеченост учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани го  одбележаа крајот на првото полугодие и на календарската 2018 година.

На свеченоста што беше организирана во холот на училиштето беа доделени и наградите за тројцата ученици што имаа најдобар расказ на тема „Приказната од куферот“ по предметот македонски јазик и литература. Директорот Игор Христов им ги врачи наградите на Елена Мирова трето место, Сандра Ѓорѓиева второ и Марија Заринска која го освои првото место. Пред присутните тие ги прочитаа своите раскази.

Учениците како и присутните и организаторите на свеченоста ги поздрави и директорот на училиштето.

Свеченоста продолжи со музика и песни во изведба на самите ученици од училиштето кои меѓу другото беа подготвиле и новогодишен базар со новогодишни украси.

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари