Дваесеттата седница на Советот на Општина Кочани, на која советниците расправаа по дваесетина точки, заврши со годишното обраќање на градоначалникот Николчо Илијев. Правејќи пресек на најзначајните реализации во 2018 година, Илијев истакна:

„Успеавме да реализираме повеќе значајни проекти, а како поддршка на развојот на Кочани само за една година добивме 3 милиони евра од државната каса, сума која е многу поголема од реализираниот општински буџет за оваа година. Нашите принципи за транспарентно, одговорно и отчетно работење беа препознаени и поддржани од централната власт“ кажа Илијев.

Илијев потсети дека со 106 милиона денари е извршена целосна рехабилитација на 11 км од патот Пониква – Кочани; дека се одобрени 30 милиони денари за проектот „Планински велосипедски рај“; со 14,5 милиони денари во тек е реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“ за чие завршување се одобрени уште 3 милиони денари; со 2 милиона е поддржана изградбата на патот од Крушка кон Полаки; 6, 5 милиони денари се дадени за изградба на улици во Ромското Маало, се асфалтираа повеќе од 2 км од улицата „Страшо Ербапче“, и се одобрени 20 милиони денари за расчистување на долговите во образованието.

„Во светот најбрзо растечка гранка е туризмот, па оттука сите природни богатства што ги имаме на располагање треба да се потрудиме да ги искористиме, со цел да привлечеме што е можно повеќе инвеститори, а потоа и посетители кои ќе придонесат за значајно подобрување на бизнис-климата и за развој на целокупниот регион. Од тие причини работиме на Деталниот план за Градска четврт 14, каде што се предвидени спа-центри, хотели од висока категорија, за да созадеме услови за инвестиции во туризмот, што е врвен приоритет на Општина Кочани. Сметам дека спојот на спа-туризмот со планинскиот ќе му даде друг лик на Кочани и ќе го забрза развојот на елиот регион. Придонес кон ова ќе има и прогласувањето на Осоговските Планини за аштитено подрачје, како сигнал дека водиме сметка за правилно искористување на природните ресурси кои ќе ги заштитиме, ќе ги оставиме и на генерациите по нас и ќе обезбедиме одржлив развој“ посочи Илијев во своето излагање.

За 2019 година градоначалникот најави реализација на повеќе крупни проекти: започнување на изградбата на браната Речани, изградба на нова детска градинка во населбата Драчевик, изградба на 28 живеалишта во кои ќе се преселат жителите од „Старата касарна“, реконструкција на Мултикултурниот центар, реконструкција на внатрешноста на Цент за култура „Бели мугри“, експропријација на дел од улицата „Ленинова“ и на други проекти.

Заблагодарувајќи се на соработката со Советот, Илијев нагласи дека Општина Кочани е оринтирана кон решавање проблемите на граѓаните и повика да се намалат јазот и партиските разлики и да се разговара за доброто на сите граѓани.

DSC_0030 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари