Неочекувано голем број на деца активно се приклучија во подготовките за првата официјална „Бадникова Поворка“ која ќе се оддржи на 6-ти јануари .

Храмот „Св.Архангел Михаил“ е збирното место во кое секоја недела се организираат проби и оттука се очекува и да започне поворката.

Покрај децата, активно се вклучени и мајките кои учествуваат во изготвувањето на божиќните ѕвезди кои практично ќе ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус .

Според најавите од организаторите, „Бадниковата поворка“ ќе се движи на релација Храм „Св.Архангел Михаил“ по главната улица „Маршал Тито“ и Булеварот, а ќе заврши пред храмот СВ. „Лука“.

Општина Виница

DSC_1853

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари