Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денес ја посети Територијалната противпожарна единица – Кочани. Честитајќи им ги Новогодишните и претстојните Божиќни празници Илијев ги информираше дека општината поради недостаток на пожарникари прави напори оваа единица да ја опслужуваат 31 пожарникар а не како во моментот 16 од причина што ТППЕ – Кочани ги покрива и општините Зрновци и Чешиново-Облешево.

Благој Паунов – Командир на ТППЕ – Кочани го информираше Градоначалникот дека во изминатата 2018 година единицата имала вкупно 338 интервенции, 15 за учесници во сообраќајни несреќи од кои 2 потешки, бидејќи се работело за големи сообраќајки каде пожарникарите ги извлекувале учесниците во истите кои останале заробени во своите возила и се здобиле со потешки телесни повреди.

Сите останати интервенции биле на отворен простор од кои десетина биле шумски пожари а останатите 2/3 биле во општините Зрновци и Чешиново-Облешево, општини кои ТППЕ – Кочани ги опслужува а се однесувале претежно на гаснење на запалени стрништа каде биле зафатени околу 500 хектари.

За време на своето обраќање Паунов упати апел до населението да за време на Бадниковите огнови постојано има лица во близината кои ќе внимаваат огнот да не добие погрешни димензии, да не се прошири, бидејќи претежно тие се палат во близина на семејни објекти.

На крајот пожарникарите упатија голема благодарност до општината и до заложбите на Градоначалникот Илијев кој прави напори да им се подобрат условите за работа, а како што истакнаа веќе ја имаат и новата опрема која и те како ќе им користи да бидат што побезбедни при нивните интервенции.

С. Ивановски

DSCN0305

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари