По денешната посета на територијалната противпожарна единица – Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја посети и Општа болница со проширена дејност – Кочани каде оствари средба со директорот на Општа болница – Кочани  Александар Серафимов.

Серафимов најпрвин го запозна Градоначалникот Илијев со активностите кои ги имаа вработените за време на Новогодишната ноќ. Како што истакна Серафимов прославата поминала доста мирно во споредба со минатите години. Имале 8 повици а во болницата биле донесени 7 лица во алкохолизирана состојба, од кои пет девојчиња и две момчиња.

Серафимов ги информираше медиумите дека Гинеколошкото одделение на Општа болница со проширена дејност од Кочани од локалниот бизнис сектор добила опрема за ендоскопски прегледи чија вредност изнесува 2,7 милиони денари на чие инсталирање ќе се работи во следните денови по што истата ќе биде ставена во употреба.

Околу екипирањето на персоналот во Општа болница директорот Александар Серафимов истакна: „Наша цел е во соработка со Клиничкиот центар од Скопје и со приватните болници во државата да обезбедиме присуство на врвни лекари од областа на гинекологијата, со што на пациентките од нашата општина и од источниот регион ќе им обезбедиме квалитетни здравствени прегледи. Пред неколку дена вработивме уште по еден лекар специјалист на гинеколошкото одделение и педијатар, а во текот на оваа година очекуваме подобрување на кадровската екипираност и на другите одделенија“.

Серафимов исто така информираше дека за да не се намали недостигот од лекарски персонал веќе било поднесено барање за специјализација на девет лекари за што ресорното министерство дало согласност а деновиве се очекува и потпишување на договор со Медицинскиот факултет во Скопје.

По завршувањето на специјализациите Општа болница – Кочани ќе добие неколку хирурзи, педијаттри, како и ортопед, гинеколог, анестезиолог и оториноларинголог.

С. Ивановски

P2540714

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари