Утре (Петок) со почеток во 19:00 часот ФА „Кочани“ ќе одржи Божиќен концерт во ЦК „Бели Мугри“ во Кочани.

До сега пракса беше ансамблот својот новогодишен концерт да го подготвува пред Нова Година. За  прв пат се помести датумот на одржување на концертот но и на називот од Новогодишен во Божиќен.

Ќе настапат сите групи и членови на ансамблот а меѓу другото ќе бидат промовирани и новите кореографии кои што  членовите ги изучуваа во изминатава година.

За прв пат гости на концертот ќе бидат членовите на чалгискиот оркестар „Румелија“.

Ансамблот 2018 година ја заокружува како успешна во однос на реализирани турнеи  и концерти во државата и странство, како и на изучување на нови ора и кореографии.

За 2019 – та се надеваат на уште по успешна во однос на настапите во странство.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари