Како што дознаваме невнимание на сопственик на стан е причината за пожарот кој утринава избувна на една од терасите во „Бетонската“ зграда.
Откако комшии го забележале пожарот во 08:28 часот ја информирале противпожарната единица во Кочани, која со едно возило и тројца пожарникари се упатила на улицата „Никола Карев“.
На самото место имало поголем пожар на една од терасите а бил зафатен и прозорец од станот.
Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите за кратко време пожарот е локализиран и ставен под контрола со што е спречено неговото проширување.
На лице место излезена е и екипа на МВР.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.